Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кире ем светски, ем европски рекордер

Од дата: 28-01-12 г.

Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров постави уште еден голгетерски рекорд во својата кариера, станувајќи прв стрелец на Европското првенство во Србија со 61 погодок. Тој постигна осум гола на натпреварот за петтото место со Словенија, со што го надмина рекордното постигнување на Исланѓанецот Олафур Стефансон од Европското првенство 2002 во Шведска, кога 58 пати се запиша во листата на стрелците.

Кире на тој начин стана апсолутен крал на ракометните голгетери. Леворакиот бомбардер од Свети Николе прво се докажа во Лигата на шампионите, каде што во две сезони доаѓаше до трофејот наменет за најдобриот стрелец, а светска афирмација стекна на Мундијалот во Хрватска во 2009 година. Таму ја предводеше Македонија до 11. место со постигнати 92 гола на девет средби, уривајќи го 14 години стариот рекорд на Јужнокореецот Кјунг-Шин Јон. Никој досега не бил најдобар стрелец и на светско и на европско првенство.

- Мојата бројка на постигнати голови не е важна, она што е важно е тимот. Погледнете ги избраните најдобри играчи во нашиот тим по секој меч: секогаш беше друг. Тоа значи дека сме успешни како тим - рече Лазаров. 
И покрај тоа што има уште мечеви до крајот на првенството, ќе биде невозможно да се симне Кире од врвот на стрелците, бидејќи Хрватот Чупиќ и Данецот Хансен заостануваа повеќе од 20 гола. 
На ЕП во Србија, Лазаров имаше просек од 8,7 голови и четири асистенции на седумте одиграни средби.

Tyxo.bg counter