100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

КЛИЧКО ЈА ОДБРАНИ ТИТУЛАТА !

Од дата: 20-02-12 г.

Украинскиот боксерски ас Витали Кличко ја одбрани шампионската титула во ВБЦ верзијата откако на поени со едногласна одлука на судиите славеше против контроверзниот британски предизвикувач Дерек Чисора. Увертира на синоќешната пресметка во Минхен беше удирањето на шлаканица на Чисора на Кличко на официјачното мерење, а недоличното однесување Британецот манифестираше и пред мечот, кога со вода го плукна помалиот од браќата Кличко, Владимир, кој е сопственик на титулите во верзиите ИБФ, ВБО и ВБА.
Но и покрај заканите и бизарното однесување, Британецот беше далеку од победа во текот на сите 12 рунди од дуелот, кој заслужено му припадна на Витали Кличко.
- Ова беше тежок меч за мене, но среќен сум што успеав да ја одбранам титулата. Не беше лесно бидејќи Чисора беше мотивиран и вршеше притисок во текот на 12. рунди. Но без разлика на се, беше преспор за мене, ги видов сите негови удари. Место него да беше некој побрз борец, вечерва ќе имав многу повеќе проблеми. Во врска со однесувањето на Чисора, видете, јас го почитувам како боксер, но не и како човек. Тој е срамота за боксерскиот свет. Иако доаѓа од Велика Британија, тој е далеку од господин и џентлмен. Да бидам искрен, сакав да го нокаутирам, да му го дадам тоа што го заслужува, но за жал не успеав. Но, животот е долг и интересен, којзнае, можеби ќе се сретнеме некој друг пат – изјави Витали Кличко.

Tyxo.bg counter