Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Колку може да биде опасна анемијата?

Од дата: 15-09-12 г.

Анемијата се јавува кога во крвта нема доволно ниво на железо. Иако анемијата може да се појави кај сите луѓе, независно од возраста и полот, таа најчесто се јавува кај трудниците бидејќи детето го користи железото од телото на мајката за својот развој. 

Експертите ги открија факторите кои го зголемуваат ризикот од анемија кај сите луѓе, а не само кај трудниците: 

- исхрана сиромашна со витамини, минерали и железо; 

- обилно крвавење (без разлика на големината на раната);

- хронични болести како што се болестите на бубрезите, ХИВ / СИДА, заболување на црниот дроб; 

-хронични инфекции; 

- евидентирани случаи на анемија во рамките на семејството.

За де се идентификува анемијата и на време да се обратите на лекар, ви ги претставуваме најчестите симптоми на кои треба да обрнете внимание. 

- замор и поспаност; 

- главоболка и вртоглавица; 

- слаби нокти и коса; 

- намалување на апетитот; 

- нарушување на сонот; 

- зголемување на срцевата работа; 

- чести инфекции на респираторниот и уринарниот систем.

 

 

 

 


Tyxo.bg counter