Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

КОНТРОЛЕН ТРЕНИНГ МЕЧ И ПОТГОТВУВАЊЕ НА СПИСОК НА РАКОМЕТАРИТЕ ЗА ЕП ВО НИШ

Од дата: 11-01-12 г.

Македонската ракометна репрезентација вечерва (19 ч.) во СРЦ „Кале“ ќе одигра контролен тренинг меч против комбинираниот тим од ракометари на двата најквалитетни македонски клубови, Металург и Вардар про. По мечот селекторот на „црвено-жолтите“ Звонко Шундовски се очекува да го соопшти конечниот список на 16-мината кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Србија.
Во текот на денов ќе биде познато дали капитенот Кире Лазаров ќе настапи на овој контролен меч, последен пред заминувањето на македонските ракометни асови в петок за Ниш. Лазаров заработи помала повреда на вчерашниот претпладневен тренинг, кога го истегна лигаментот на скочниот зглоб.
- Имам мала болка и мал оток, но не е ништо страшно. Во текот на денот ќе одлучиме со селекторот и тренерот дали вечерва ќе настапам – изјави Лазаров.
Комбинираниот тим на ракометари од Металург и Вардар про ќе биде предводен од Веселин Вујовиќ, а ракометните фанови можат бесплатно да присуствуваат на средбата.

Tyxo.bg counter