Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Кoмплетирано првото коло од ракометната лига на шампиони

Од дата: 27-09-10 г.

Во текот на викендот беше комплетирано 1.коло од ракометната Лигата на шампионите. 

Сигурен старт имаше европскиот првак Кил кој пред своите навивачи го совлада француски Шамбери со 35:23. За разлика од Кил, Барселона имаше лош почеток и пораз во „Блауграна“ од германскиот тим Рајн Некар Ловен со 31:30. Во третиот дуел од „А“ групата гостинска победа од 36:30 избори и екипата на Цеље кај Киелце од Полска. 

Комплетната програма синоќа се одигра во „Б“ групата каде во трите дуели победија гостите. Колдинг го совлада Савехоф со 38:30, Хамбург славеше кај Монпеље со 30:26 и Веспрем беше подобар од Татран Прешов со 35:27. 

Во групата „Ц“ Чеховски Медведи го победија Копенхеген со 39:29, ПИК Сегед беше подобар од Кадетен Шафхузен со 29:26, додека Динамо Минск загуби дома од Ваљадолид со 30:35. 

„Д“ - група: Сиудад Реал (Кирил Лазаров постигна 8 голови) – Фленсбург 27:19, Констанца (Бранислав Ангеловски постигна 1 гол) – Загреб 23:33 и Санкт Петерсбург – Босна 32:27.

Следното коло се игра на 2 и на 3 октомври.

Tyxo.bg counter