100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ЛАЗАРОВ, ВЕЗЕНКОСКИ И МИТЕВСКИ ВО ПЕЛИСТЕР

Од дата: 10-08-11 г.

Пелистер изледува од играчката криза. Звонко Шундовски по враќањето од Шведска затече три нови и проверени играчи во својот тим. Лазаров, Митевски и Везенкоски

Конечно е ставен крај на сите дилеми околу статусот на Филип Лазаров во Металург. Тој не се избори за место во скопскиот тим и пролетва ќе го носи дресот на екипата на Пелистер. 
Филип Лазаров уште од почетокот на пролетните подготовки беше дел од играчите за кои Червар се изјасни дека нема да му бидат потребни. Миљак, Чурувија и Шмигиќ уште веднаш заминаа, Ѓоргоноски, кој некако се најде на тој список, останува во Металург најмалку до јуни, а остана да се решава статусот на помладиот Лазаров. И тоа е расчистено, Лазаров ќе му помогне на Пелистер во битката за подобра позиција на табелата. 
Но, тоа не е единствената новост од Битола. Златко Везенкоски и Васил Митевски, довчера и двајцата играчи на В.В. Тиквеш се исто така нови играчи на битолскиот тим.


Tyxo.bg counter