Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Летни навики кои би требало да се продолжат и во есен

Од дата: 22-09-12 г.

Температурите се спуштаат, а ние сè уште не сме го изгубиле она убаво летно чувство. Проверете кои летни навики треба да ги зачувате и кога деновите се ладни.

Јадете сезонска храна

Консумирајте сезонско овошје и зеленчук кои ќе ве осигурат со неопходните витамини за целиот ден, а исто така ќе ве освежат и ќе ви овозможат чувство на уживање. На сезонскиот домат можеби му се ближи крајот, но есента носи други плодови како тиквата, јаболките, брокулите...

Движете се повеќе во текот на денот

Убавите денови сигурно ќе ве одвојат од фотелјата, а доколку времето надвор е врнежливо, тогаш направете неколку кругови во станот или пак направете неколку стомачни и склекови во вашата дневна соба. Доколку сте поголеми авантуристи, тогаш облечете се полесно и излезете и џогирајте на свеж воздух во паркот.

Заштитете се од сончевите зраци

Иако зрачењето е најсилно за време на летните месеци, вашата кожа е во опасност и во текот на сончевите зимски денови. Можеби не морате да се мачкате со заштитни креми толку обилно и често, но малата заштита е добра идеја.

Вежбајте во вода

Затворените базени се одлично место за да го задржите духот на летото. Триесет минути лесно или умерено пливање ќе согорат 230 калории. Помалку искусните пливачи можат да пробаат воден аеробик.

Tyxo.bg counter