100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Магнезиумот го намалува ризикот од мозочен удар!

Од дата: 02-02-12 г.

Луѓето кои јадат храна богата со магнезиум, како што е зелнчукот, јаткастото овошје и гравот поретко се жртви на мозочен удар, покажале меѓународните студии кои вклучуваат 250 000 луѓе. Истражувањето на седум студии кои се сумирани во ``Американскиот неделник  за клиничка исхрана`` упатуваат на важноста на внесувањето на магнезиум во  храната,  како и на врската помеѓу магнезиумот и мозочниот удар. Ваквиот резултат е уште една потврда за значењето на здравата исхрана која вклучува зеленчук, особено листестото,  јаткастото,  гравот и интегралните житарки,  пренесува Ројтерс. Седумте студии кои што се објавени во текот на предходните 14 години,  вклучиле околу 250 000 луѓе од Америка, Европа, и Азија кои што биле  надгледувани во просек преку 10 години. Околу 6500 луѓе, што преставува 3% од луѓето, имале во тој период мозочен удар. Според процените дополнителни 100мг магнезиум на дневно ниво го намалува  ризикот од мозочен удар за 9%. Просечниот внес на магнезиум на Американците е 242 мг на ден,  додека здравствените организации препорачувааат 420мг за  мажи и 320мг за жени. Иако поголемиот број од студиите вклучуваат и други фактори, како што се историја на болести, авторите сепак го насочуваат вниманието дека ова мора дополнително да биде испитано бидејќи сеуште не е 100 % сигурно дека магнезиумот е тој што го намалува ризикот од мозочен удар.

Tyxo.bg counter