Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мажите против Парагвај, жените со Гватемала

Од дата: 01-10-10 г.

Машката репрезентацијата на Македонија денеска ќе игра против Парагвај, а македонските шахистки против Гватемала во рамките на 10.коло од Олимпијадата која се одржува во Канти Мансијск, Русија. 

Распоред по табли за мечот Македонија - Парагвај: 

прва табла: Валдимир Георгиев (бели фигури) - Хозе Фернандо Кубас, 

втора табла: Никола Митков (црни фигури) - Мануел Латоре, 

трета табла: Звонко Станојоски (бели фигури) - Џилермо Васкез, 

четврта табла: Филип Панчевски (црни фигури) - Едуардо Пералта. 

Македонија е моментно на 66.место, а Парагвај е на 81-та позиција. 

Денешниот противникот на женската репрезентација, Гватемала е на 70.место, а Македонија е пет места погоре на табелата. 

Распоред по табли за дуелот Македонија - Гватемала: 

прва табла: Габриела Коскоска (црни фигури) - Каролина Мазариего, 

втора табла: Катерина Јоноска (бели фигури) - Клаудија Менкос, 

трета табла: Моника Стојковска (црни фигури) - Џулиса Фигуера, 

четврта табла: Бојана Бејатовиќ (бели фигури) - Сивија Сотомајор.

Tyxo.bg counter