100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мажоретка која крева 100 килограми

Од дата: 28-02-12 г.

Ана Вотсон од универзитетот во Џорџија почна да се занинава со кревање на тегови кога поради напорното вежбање загуби 15 килограми. На оваа навивачка и беше понуден договор вреден 75.000 долари да биде фитнес модел, но сепак откако добро размисли Вотсон заклучи дека исцрпувачкиот режим на вежбање и илегалното користење на стероиди не се вредни за тоа.

Имено, агент за фитнес модели побара од неа да се здебели цели 20 килограми. На почетокот конзумираше повеќе од 3000 калории дневно, а со часови вежбаше. Иако од почетокот јадеше протеини, овошје и јајца, сепак не успеа да ја постигне посакуваната тежина. Покрај големиот труд, Ана за четири недели успеа да се здебели само 4,5 килограми.

Тогаш, таа побара помош од Хју Кирби, кој е државен првак во „powerlifting“, а веднаш потоа се откажа од кариерата како фитнес модел. Сега таа е навивачка, или мажоретка, која може да крене над 100 килограми.

Tyxo.bg counter