Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Македонија на 13-то место на ранг-листата на ЕХФ !

Од дата: 24-02-12 г.

Македонската ракометна репрезентација по освојувањето на 5. место на ЕП во Србија бележи напредок на 13. место на најновата ранг-листа на ЕХФ од вкупно 52. земји во Европа. Благодарение на успехот на Европското првенство и скокот на ранкингот, „црвено-жолтите“ ќе бидат во вториот шешир за жрепката за квалификациите за ЕП 2014 во Данска, која ќе се одржи на 20 април во Копенхаген. Покрај Македонија, во вториот шешир се и селекциите на Унгарија, Норвешка, Шведска, Словенија, Чешка и Австрија.
Водечка селекција на ранг-листата е европскиот шампион Данска, која како домаќин директно обезбедува пласман на континенталниот шампионат. Данците на ранкингот се пред селекциите на Хрватска, Шпанија, Франција, Исланд, Полска Србија и Германија, кои се наоѓаат во првиот шешир за жрепката.
Квалификацискиот систем останува непроменет, натпреварувањето ќе се одивива во седум групи составени од четири селекции, а двете најдобропласирани обезбедуваат учество на завршницата на ЕП. Квалификациите ќе започна на есен и ќе продолжат во текот на целата 2013 година.

Tyxo.bg counter