100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ ЗАМИНАА ВО БЕЛГРАД ДА И ДАДАТ ПОДДРШКА НА СВОЈАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА !

Од дата: 23-01-12 г.

По победата над Чешка (27-21) македонската ракометна репрезентација од Ниш се пресели во Белград, а со нив нешто повеќе од 200 километри посеверно ќе заминат и неколкуте илјади верни фанови. Акцијата од „Чаир“ се сели во белградската „Арена“, која е со капацитет од 20 илјади гледачи, а организаторите соопштија дека билетите за мечевите од главната фаза на ЕП ќе чинат од 10 до 80 евра, во зависност од местоположбата на седење, за целодневна програма. Со една влезница дневно ќе можат да се следат три натпревари. Утринава низ српската метропола забележлива беше раздвиженост на голем број на навивачи во „црвено-жолто“, но вистинската македонска инвазија се очекува околу 15 часот, за кога е најавено пристигнувањето на голем број навивачи автобуси, но и фанови што решија да допатуваат во српската метропола со автомобил. 
Ракометарите ќе продолжат со борбената игра и ќе се потрудат да биде максимално фанатична како и досега, со надеж дека тоа ќе им го донесе посакуваниот резултат.
Данска е ривал за почит, но скандинавците пред почетокот на шампионатот останаа без неколку клучни ракометари, а во првата фаза покажаа дека се ранливи на теренот. Кога тоа можеше да го увиди Полска и да направи пресврт во вториот дел и да ги остави Данците без ниту еден пренесен бод за оваа фаза, зошто да не може на триумф да се радуваат и македонските ракометари заедно со преку 5000 наши навивачи, колку што се најавите за присуство во белградска „Арена“. Македонското шоу во Белград својот официјален почеток ќе го има во 18.15 часот, а искрено се надеваме дека за радост нема да чекаме „трета среќа“ како во Ниш, туку дека веднаш ќе имаме причина за славје, -пишува Екипа
Во групата И покрај Македонија и Србија, пласман обезбедија и селекциите на Германија, Шведска, Данска и Полска. Следен противник на избраниците на селекторот Звонко Шундовски е Данска утревечер во (18,15 ч.), во понеделник се среќаваме со Полска (16,20 ч.), додека со Србија силите ќе ги одмериме в среда (20,15 ч.).

Распоред и табела во групата 1
21 јануари: Полска – Шведска (16.15 ч.), Македонија – Данска (18.15 ч.), Србија – Германија (20.15 ч.).
23 јануари: Македонија – Полска (16.20 ч.), Данска – Германија (18.20 ч.) , Србија – Шведска (20.20 ч.)
25 јануари: Полска – Германија (16.15 ч.), Данска – Шведска (18.15 ч.), Македонија - Србија (20.15 ч.).
Табела: Србија и Германија по 4, Полска 2, Македонија и Шведска по 1, Данска без бодови.

Tyxo.bg counter