Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ГЕТЕБОРГ !

Од дата: 28-03-12 г.

На една недела пред почетокот на квалификацискиот турнир за пласман на Летните олимписки игри, атмосферата во Гетеборг (Шведска) почна повторно да добива на интензитет. Секој ден има по некоја нова, свежа информација. Македонската ракометна репрезентација од 6 до 8 април ќе игра во квалификациите против Унгарија, Бразил и домаќинот Шведска. Најдобрите две селекции ќе се пласираат на ЛОИ во Лондон.
Сосема е извесно дека бројката од 2.500 до 3.000 македонски навивачи само од Шведска е реална, а не се знае колкав е бројот на оние што го најавија доаѓањето од Данска, Норвешка, Германија, В. Британија и од Македонија.
Секторите резервирани за македонските навивачи, М и Н, се пополниле за два дена, а во секторите Ј, К, Л, П и О останале само билети од 350 круни (една круна е 6,8 денари) и билети од 510 круни. Ова значи дека нашите ракометари ќе имаат огромна поддршка на овие натпревари, што воедно значи и многу поголеми шанси за ЛОИ.
Македонските репрезентативци утре во Скопје ќе го имаат првиот собир, на почетокот на подготовките.

Tyxo.bg counter