Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мек Кејлеб "директ" во Америка

Од дата: 22-06-12 г.

Патната торба за него беше подготвена, исто како и авионскиот билет за САД. Но сето тоа остана само на тоа, од едноставна причина што Лестер Бо Мек Кејлеб, сепак, не се појави во Скопје и заедно со своите соиграчи да тргне на пат за Америка.

"Криенка-миженка" од негова страна или, пак, "грешка во конекциите"... Како и да е, Мек Кејлеб не допатува во Скопје како што беше најавено и од страна на селекторот на нашиот национален тим Марјан Лазовски на последниот проштален прес.

Согласно со тоа, се’ се враќа на оној првобитен договор, односно новиот-стар шампион на Италија, и играч на Монтепаски, да се види со соиграчите директно во САД, каде доцна синоќа нашата 24-члена делегација требаше да ја почне "аклиматизацијата" на тие "американски услови".

Зошто дошло до една ваква несакана ситуација се обиде да објасни спортскиот директор на нашиот сениорски национален тим, Врбица Стефанов. 

"Како што беше најавено и порано, нашиот прв договор беше тој да ни се приклучи директно во Атланта. Но од друга страна, лично тој бараше, инсистираше прво да дојде во Скопје, да се види со соиграчите и заедно со нив да замине за САД. Но, сега станува јасно дека дошло до некоја компликација со авионските билети поради која, ете, тој остана во Италија од каде што сам ќе го продолжи патот за Америка, односно за Атланта каде што ќе се приклучи на остатокот на националната селекција"- објаснува Стефанов за овој момент, по кој со еден патник помалку авионот на "Кроација Еирлајнс" тргна за Загреб, а потоа и за Франкфурт и Атланта. 

Но, како и да е, проблемите со авионскиот билет поради кој плејмејкерот на "црвено-жолтите", наводно не можел да допатува во македонската престолнина, треба да се стават во "втор план", како што истакнува и самиот Стефанов. 

"Навистина не гледам никаков проблем во целата оваа ситуација. Напротив, сметам само дека се враќаме на оној првобитен план, односно да го имаме Бо на располагање веднаш по нашето доаѓање во Атланта"- дополнува Стефанов.

Tyxo.bg counter