Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Меси, Роналдо и Иниеста во трка за европски фудбалер на годината

Од дата: 14-08-12 г.

Лео Меси и Андрес Иниеста од Барселона и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид останаа тројцата кандидати за наградата за најдобар европски играч, која ќе биде доделена на церемонија во Монте Карло на 30 август. Ова е само второ издание на наградата на УЕФА, а лани на подиумот завршија Меси, Чави и Роналдо.

УЕФА првично објави листа со 32 номинации, а вчера ја скрати на три имиња. Освен финалистите, чиј конечен редослед ќе биде познат на 30 август, на четвртото место се најде Андреа Пирло, петти е Чави и шести е Икер Касилјас. Со Дидје Дрогба, Петр Чех, Фалкао и Месут Озил се затвораат најдобрите десетмина.
На листата со 32-ца кандидати имаше четворица играчи на Барселона (Чави, Иниеста, Меси, Фабрегас) и дури седуммина од Реал Мадрид (Чаби Алонсо, Касилјас, Коентрао, Пепе, Озил, Рамос и Роналдо).

Tyxo.bg counter