Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Металург, сепак, не е Кометал

Од дата: 08-11-10 г.

Дербито од деветтото коло на Супер лигата меѓу ракометарките на Жито Прилеп и Металург ја враќа вербата во домашниот женски ракомет и првенството го направи неизвесно. По двегодишна доминација падна митот за непобедивост на репрезентативниот состав на Метлург кој беше поразен од максимално мотивираниот домашен состав на Жито Прилеп. Победата 31:28 на тимот на Магдинчев е наполно заслужена бидејќи домаќинките освен почетното водство на Металург (0:1 и 2:3) цело време беа во водство на моменти и со 5 голови разлика, а фаворитот беше во ситуација постојано да ја брка негативата.
-Оваа победа многу значи бидејќи внесовме неизвесност во борбата за титулата. Девојките го издржаа притисокот и покажаа дека се зрели за високи дострели - истакна тренерот на прилепчанки, Ристо Магдинчев.
Тренерот на Металург Крсто Петрушевски видно разочаран од поразот честиташе за добрата игра и победата на противникот:
-Навистина беше убав натпревар и за гледање и за игра, на задоволство на публиката. Противникот, квалитетен и составен од неколку искусни репрезентативки, мотивиран и бодрен од гледачите одигра одлично. Но, за жал тој е единствен наш достоен противник во лигата.
Во машката ВИП Суперлига, првакот Металург го декласираше Тинекс Пролет со 38:19, а Вардар Про тесно со 21:19 го победи ВВ Тиквеш.

Tyxo.bg counter