Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Металург ќе игра и ќе шири хуманост

Од дата: 18-02-12 г.

Ракометниот шампион Металург во среда на 22 февруари во салата во Автокоманда во Скопје го пречекува тимот на Борац од Бања Лука. Средствата од влезниците за овој натпревар ќе одат во хуманитарни цели.

Парите ќе бидат донирани за набавка на опрема за потребите на лицата од Дневниот центар за лица со церебрална парализа - Скопје.

Билетите за натпреварот ќе се продаваат по цена од 50 денари и ќе бидат пуштени во продажба на 20 февруари (понеделник) на касата во салата „Автокоманда“ во Скопје.

Оваа хуманитарна акција ракометниот клуб Металург ја прави во соработка со ортопедската куќа „Бауерфеинд“ и весникот „Нова Македонија“.

Tyxo.bg counter