100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Металург ja освои третата титула во низа

Од дата: 28-05-12 г.

Металург го совлада Вардар Про со 20:16 во СРЦ „Кале“ и ја освои третата шампионската титула во низа во нашето ракометно првенство, реванширајќи им се на „црвено-црните“ за поразите во СЕХА-лигата и во Купот на Македонија сезонава.

Тоа е петта титула вкупно за „металурзите“, освоена со шест бода предност на крајот на првенството, додека Вардар остана на седум трофеи. 
„Шампионската титула ни беше најбитна сезонава. Петтата титула е во нашите витрини и сигурен сум дека нема да ни биде последна. Во Лигата на шампиони влеговме во топ-16, но повторувам, најважно ни беше да бидеме први во Македонија“, кажа Ристо Чокрев, претседателот на Металург Ристо Чокрев, по мечот.
По натпреварот, Филип Миркуловски беше прогласен за најдобар играч на шампионатот, а неговиот соиграч Дарко Станиќ го доби признанието за голман број еден.

Tyxo.bg counter