Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

МЗТ во финале по цели осум години !

Од дата: 12-04-12 г.

"МЗТ Скопје" е вториот финалист во кошаркарското првенство на Македонија. Во четвртиот натпревар од полуфиналето го совладаа “Торус” во “Јане Сандански” со 77-68 и со тоа ја добија серијата со 3-1.

Аеродромскиот тим славеше пред домашните навивачи со 77-68 против Торус и не ја повтори грешката од претходниот натпревар, кога го прокоцка водството во самиот финиш. Разликата беше направена кон крајот на првата и почетокот на втората четвртина, кога МЗТ дојде до двоцифрена предност од 34-22.

Кон крајот дојде мало опуштање и Торус се приближи на 6 поени негатива. Сепак,„Металците“ забележаа победа за конечен скор од 3-1 и влез во финалето. На гостите не им помогна ниту одличниот скор на Рејнолдс, кој постигна 32 поени, а имаше и 4 блокади. Кај домаќините, искусниот Гечевски забележа уште еден дабл-дабл, остварувајќи 15 поени и 16 скокови, а голема помош доби од Далман кој постигна 19 поени и Дејвис кој постигна 18 поени.

"Ова беше исклучително психички тежок натпревар за нас. Знаевме дека не смееме да дозволиме серијата да продолжи со петти натпревар таму (во СЦ „Борис Трајковски“), без разлика што сметам дека “Торус” не може да не победи три пати по ред. Имавме и неколку психички тешки денови по оној пораз во саботата, кој е различен од било кој друг. Сакам да им честитам на моите кошаркари за прикажаната игра и сакам да се заблагодарам на поддршката од навивачите кои многу ни помогнаа", изјави тренерот на "МЗТ", Александар Тодоров.

Во 2004-та година МЗТ Скопје последен пат играше во финалето на плејофот, кое го загубија од вечниот ривал Работнички. Овој пат ќе имаат шанса да ја освојат првата титула во финалето против Фени Индустри. Поради подобриот скор од Кавадарчани во сезоната, тимот од Аеродром ќе стартува со предност од 1-0, а првиот дуел ќе се игра во „Јане Сандански“.

Tyxo.bg counter