Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

МЗТ Скопје издвои победа над ФЕНИ (84-59)

Од дата: 30-04-12 г.

МЗТ Скопје во полна сала „Јане Сандански“ пред домашната публика го совлада тимот на Фени индустри со 84-59, и со тоа поведе со 3-1 во кошаркарскиот плејоф од домашното првенство.

Со победата МЗТ Скопје Аеродром е само на чекор од освојување на плејофот, кој се игра на четири добиени натпревари.

Најдобар учинок во таборот на МЗТ Скопје имаше Тодор Гечевски, кој иако заработи три лични грешки, успеа да постигне 21 поен, претежно со шут од далечина.

Во таборот на Фени најзабележителни беа Соколов и Кнежевиќ со по 10 поени.

Единствен поголем инцидент во текот на натпреварот се случи на крајот од третата четвртина, кога Гечевски погоди за три поени, а судиите покажаа дека времето веќе истекло. Тогаш дојде до мал судир меѓу домашниот тренер Тодоров и претставникот на гостите, при што полетаа тврди предмети од трибините.

 

Tyxo.bg counter