Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мирно четврто коло на меморијалот „Таљ“

Од дата: 10-11-10 г.

Нерешено завршија сите пет партии од четвртото коло на 5. Меморијал „Таљ“, супертурнир од 21. категорија што се одржува од 5 до 14 ноември во Москва во чест на осмиот светски шампион во шах. Таквиот епилог го остави првиот носител Левон Аронјан (рејтинг 2801) осамен на врвот на табелата на четири кола до крајот на турнирот што се игра по Бергеров систем.

Резултати од четвртото коло: Мамедјаров - Аронјан реми, Карјакин - Широв реми, Накамура - Крамник реми, Ванг Хао - Елјанов реми и Гелфанд - Гришчук реми.

Табела: Аронјан 3 поена, Мамедјаров, Карјакин, Накамура, Гришчук и Ванг Хао по 2,5, Крамник 2, Гелфанд 1,5, Елјанов и Широв по 0,5.

Tyxo.bg counter