100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Млечни производи кои го продолжуваат животот

Од дата: 10-05-13 г.

Млечните производи со години важат за едни од омилените намирници на луѓето. Дали станува за појадок, ручек или вечера, млечните производи се дел од менито, особено сирењето кашкавалот и путерот, кои можат да се комбинираат на илјадници начини.

Поради тоа американските научници се решија да направат обемна студија со која ги потврдија здравите придобивки и корисноста на млечните производи. 

- Сирењето и кашкавалот се здрави за човекот, бидејќи го намалуваат ризикот од срцев удар, а ефективно помагаат и за намалување на знаците на стареење и не одржуваат подолго време млади и убави. Тие го продолжуваат животот, вели Џон Парсонс од Универзитетот Браун и додава дека сепак мора да внимаваме да ги избегнуваме млечните производи кои имаат многу маснотии. 

Студијата во која учествувале околу 4.000 испитаници открива дека сирењето е богато витамин Д и калиум, а тоа се важните елементи кои ја намалуваат ризикот за развој на срцеви проблеми.

 

 


Tyxo.bg counter