Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мундијалската топка ќе има женско име

Од дата: 15-08-12 г.

Навивачите ќе го бираат името на официјалната топка за Светското првенство 2014 година во Бразил. "Адидас" го објави конкурсот и притоа предложи три португалски имиња, сите од женски род, со што се потврдува бразилскиот стереотип дека топката е женско и дека треба да се негува и чува.

Гласањето за името на топката се врши преку сајтот на "Адидас". Концептот на именување на мундијалските топки почна од СП 1970 година во Мексико.

- БРАЗУЦА: Неформален израз што Бразилците го користат со цел да ја опишат националната гордост, поради нивниот начин на живот.

- БОСА НОВА: Музички стил настанат во Рио де Жанеиро во педесетите години од изминатиот век, кој брзо стана највлијателното и најзначајното уметничко и културно движење во Бразил. Неговиот ритам често се споредува со начинот на кој Бразилците играат фудбал.

- КАРНАВАЛЕСКА: Карневалот е срцето на бразилската култура и секогаш претставувал фестивал на бојата, музиката и радоста. Покрај фудбалот, карневалот секогаш ќе биде заштитен знак на Бразил.

Tyxo.bg counter