Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Мурињо на трибините на "Максимир" ќе гледа Хрватска - Македонија

Од дата: 06-09-12 г.

Тренерот на шпанскиот фудбалски шампион Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ќе биде на трибините на стадионот "Максимир" на квалификацискиот натпревар Хрватска - Македонија.

Тој мечот ќе го гледа од место од свечената ложа, кое е предвидено за гости од највисок ранг и за водечките луѓе на националните федерации.

- Од сите натпревари што се играат в петок, Мурињо избра да ја проследи во живо токму средбата на Хрватска против Македонија.

Ова е доказ дека трансферот на Лука Модриќ во Реал Мадрид е нешто повеќе од премин од клуб во клуб, туку е и можност хрватскиот фудбал да добие дополнителен бенефит.

Мурињо има респект кон тоа што го правиме - изјави Дамир Врбановиќ, извршниот претседател на ХНС.

Tyxo.bg counter