Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Надал-манија во Токио

Од дата: 11-10-10 г.

Светскиот број 1, Рафаел го победи 5. носител Гаел Монфис со 6:1/7:5 за да стигне до својата прва титула од Јапонскиот Опен и да се врати во форма по изненадувачкиот пораз во 1/2 финалето во Бангкок минатата недела

 Надал блесна во првиот сет, правејќи два брејка за да го освои сетот за само 25 минути, но во вториот Французинот се врати со подобра игра. Надал сепак направи брејк во 11. гем за да поведе со 6:5 и потоа на свој севис го доби мечот.
"Морам да уживам во овој момент. Никогаш не знаеш кога добрата серија ќе заврши", вели 24-годишниот Надал, кој за првпат настапуваше во Јапонија и вети дека ќе се врати следната година. Надал има 3 гренд слем титули оваа година и победа во 7 од 8-те финалиња.

Tyxo.bg counter