Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Налбандијан го повреди линискиот судија

Од дата: 19-06-12 г.

Давид Налбандијан беше дисквалификуван во финалето на турнирот на трева, Квин'с клаб во Лондон, откако во момент на лудост искрши пластично пано и притоа го повреди линискиот судија, кој седеше во него.

Титулата автоматски му припадна на Хрватот Марин Чилиќ, иако во тој момент беше во негатива од еден сет.

Аргентинецот збесна кога направи двојна сервис-грешка при 3:3 во вториот сет, што значеше брејк за Чилиќ, и жестоко удри со нога во рекламно пано, при што парче пластика го исече и раскрвави судијата Ендрју Мекдугал по левата нога.

Додека лекарите му укажуваа помош на Мекдугал, главниот судија направи кратка консултација со организаторите на турнирот и потоа му изрече дисквалификација на Налбандијан, кој со свирежи од трибините беше испратен од теренот.

- Многу ми е жал за тоа што го направив. Понекогаш толку сте исфрустрирани на теренот, што тоа тешко се контролира. Знам дека згрешив и морам да платам за тоа - изјави Налбандијан, кој беше финалист на Вимблдон во 2002 година.

Tyxo.bg counter