Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Најдобар лек за дебелината е физичката активност

Од дата: 30-06-12 г.

Дебелината на децата е сложен проблем кој настанува поради општествени, економски и еколошки фактори, а еден од најуспешните начини за нејзино спречување е физичката активност, се согласија учесниците на првиот Светски форум за дебелина. 

Форумот за дебелина е во организација на Меѓународната мрежа ЕПОДЕ, најголемата светска организација за борба против дебелина, во која членуваат претставници од 25 земји. 

Претставниците на научната и здравствена заедница на форумот ги споделија своите сознанија и практични решенија за проблемите со гојазноста кај децата. На нив се придружи и компанијата „Нестле“, чиј претставник Женет Воуте истакна дека ефикасен пристап за решавање на овој проблем бара заедничка работа и соработка при промовирање на здрва исхрана и физичка активност. 

- Ефикасен пристап за решавање на овој проблем бара заедничко работење и соработка при промовирање на здрава исхрана и физичка активност, изјави таа, нагласувајќи дека е клучно да се обезбеди соработка меѓу разни сектори, а индистријата има значајна улога во решавање на проблемот со гојазноста кај децата. 

Меѓународната мрежа ЕПОДЕ првата програма за превенција на гојазноста кај децата ја стартува во 1992 година во Франција.

Tyxo.bg counter