Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Најновото засилување на Барселона има 10 браќа и 17 сестри!

Од дата: 22-08-12 г.

Aлекс Сонг, роден во Доуала, Камерун, е едно дете од 28 члената фамилија, 11 момчиња и 17 девојчиња. Неговиот татко, кој починал кога Алекс имал 2 години, имал 5 жени.

Сонг вели дека тоа што има толку голема фамилија е од голема корист за него. "Доаѓам од голема фамилија затоа што мојот татко имал 5 жени, па затоа јас имам 10 браќа и 17 сестри. Изгледа смешно но кога имам некој проблем, добивам голема поддршка и имам многу луѓе околу мене со кои можам да разговарам за тоа." - вели Сонг.

Тој најмногу жали што не се сеќава на неговиот татко. "Кога го загубив татко ми имав само 2 години, не се сеќавам на ништо од таа веозраст. Како што растев околу мене беа моите сестри, кои јас мислев дека ми се мајки, не знаев како изгледа една нормална фамилија."

Во отсуство на својот татко, Сонг станал лидер во својата фамилија. "Еден ден мојот брат ми рече: Знаеш дека без нашиот татко мораме сами да се снаоѓаме во животот, нема од кого да очекуваме помош. Тогаш сфатив дека сакам да бидам главата на нашата фамилија, да го заменам нашиот татко. Никогаш не помислував дека еден ден ќе завршам како професионален фудбалер, сакав да работам било што само за да можам да им помогнам на моите најблиски."

"Денес живеам добар живот, ми недостига само една работа, ми недостига татко ми! Ако денес го имав тој човек покрај мене, сè ќе беше совршено. Но, таков е животот, мене ми преостанува да им помагам на мојата фамилија и тоа ме прави многу среќен." - изјави Сонг.

Tyxo.bg counter