Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

На местото на Владимир Темелков, доаѓа третиот пикер Никола Марковски !

Од дата: 04-04-12 г.

Никола Марковски, третиот пикер на македонската ракометна репрезентација ќе биде замената за повредениот Владимир Темелков, десното крило на националниот тим. Темелков на вториот контролен меч со Романија заработи истегнување на лигаментите, а селекторот Звонко Шундовски нема да повика ново име, па позицијата ќе ја пополнува со Марковски. Со оваа одлука, единствено десно крило во националниот состав ќе биде Златко Мојсоски. Одиме во Шведска со 16 ракометари, замена за Темелков ќе има, тоа нема да биде класично крило, туку ќе биде Марковски“, рече селекторот.

Иако времето за подготовки беше кратко, го искористивме за воигрување,  ги повторивме некои од старите работи, некои нови ќе ги воведеме. Ова е потежок ритам на натпреварување, имавме мал број на тренинзи, малку време за подготовки. Играчите доаѓаат физички спремни само од тоа што работат во своите клубови. Пробавме да го подигнеме тонусот кај одредени ракометари, распоредувањето на нашата сила ќе биде такво што ќе дадеме максимум на сите три меча. Иако со Бразил играме последниот ден, тие се незгодни и брзи и ние на тој меч можеби ќе треба да бидеме физички најспремни да го дадеме максимумот. Се разбира, ако до тој момент ни треба тој меч за пласман на ЛОИ“, рече селекторот.

Шундовски се осврна и на математиките околу пласманот.

Математички доволни се две победи, но по последниот меч има шанса да има три селекции со ист број бодови и да биде во игра гол-разликата. Ние одиме максимално на секој натпревар, немаме можност за калкулации. Особено што Унгарија и Шведска го играат последниот меч меѓу себе во овие квалификации“, објасни селекторот.

Tyxo.bg counter