100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

НЕШТО ЗА ПРОТЕИНИТЕ !

Од дата: 27-02-12 г.

Протеините се буквално блокови на животот. Сите ткива и сите органски состави во нашето тело содржат протеини. Како што знаеме, протеините се полимери кои се составени од низа аминокиселини. Во составот на протеините има вкупно 20 аминокиселини. 9 аминокиселини се есенцијални, што значи дека телото не е способно само да ги синтетизира, туку мора да ги внесува преку исхраната.

 

Дали додатно ни се потребни протеини во облик на суплемент?

Често се поставува прашањето: Зошто ми се потребни додатни протеини кога можам со исхрана да внесам доволна количина? Причините се многубројни. Прво, докажано е дека есенцијалните аминокиселини имаат повеќе градечки карактеристики отколку голем оброк кој содржи идентичен аминокиселински профил. Тоа се објаснува со тоа што суплементарните протеини побрзо се варат и се намалува можноста за искористување на аминокиселините во внатрешните органи, а со тоа остануваат повеќе аминокиселини за мускулите.

 

Колку протеини дневно ни се потребни?

Следната честа тема за дискусија е околу тоа колку протеини треба да се внесат на дневна база и колку максимално протеини можеме да внесеме во еден оброк? (како додаток и исхрана) Ова не е лесно да се одговори бидејќи дневното внесување зависи од неколку варијабили (темпирање на внесувањето на протеини, врста на внесени протеини, вашата телесна тежина). За напредните бодибилдери важна е количината на протеини која ќе ја оствари нивната цел, а тоа е мускулниот раст. Ако количината на азот кој е задржан во телото е поголема од количината на изгубен азот, тогаш можеме да кажеме дека телото е во позитивна азтона рамнотежа и можен е мускулен раст. Се смета дека оние личности кои се занимаваат со спорт, треба да внесуваат 1.2-2.2 грама протеини по килограм телесна маса. Што се однесува до протеините во еден оброк кои телото може да ги искористи, верувале или не, сеуште не е спроведена студија која би одредила некоја бројка по која би се одредила вредноста.

 

Видови на протеини и разлика помеѓу нив!

Постојат повеќе видови на протеини. Со оглед на аминокиселинскиот состав, разликува потполни (содржат комплетен спектар на аминокиселини) и непотполни (не ги содржат сите аминокиселини). Главни претставници се белковините од животинско потекло. Што се однесува до растителните извори на протеини, само една билка во составот има комплетен извор на протеини, а тоа е сојата. Затоа кај вегетаријаницте е важно да се искомбинираат разни врсти на растителни протеини за да можат да добијат комплетен спектар на аминокиселини.

 

Tyxo.bg counter