Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Не смееме да му дозволиме на Пандев да мрдне

Од дата: 06-09-12 г.

Најскапиот хрватски фудбалер на сите времиња, Лука Модриќ, му укажа на новиот селектор Игор Штимац дека е максимално подготвен за претстојниот натпревар со Македонија. Тој се појави на подготовките на хрватската репрезентација, откако во неделата го одигра првиот меч за Реал Мадрид во Примера, само една недела по доаѓањето од Тотенхем за сума од 33 милиони фунти.

- Мечот со Гранада ми помогна да се кренам на физички план. Среќен сум со мојата форма, и физичка и психичка. Подготвен сум да одиграм 90 минути против Македонија, но за тоа ќе реши селекторот Штимац - изјави Модриќ.

Тој добро знае од каде доаѓа најголемата опасност од македонската репрезентација.

- Имам играно против Македонија во 2007 година и беше тешко. Незгодни се. Пандев е класа, но уверен сум дека ќе победиме. Важно е да стартуваме позитивно. Мораме да земеме шест бода во првите две кола. Гледам еден сериозен пристап во подготовките за Македонија. Во тој меч мораме да бидеме брзи, рационални и трпеливи. Пандев е ударен противнички играч и способен е да помине двајца-тројца играчи, пред да ги вработи своите соиграчи. Затоа мора да бидеме блиску до него и да не му дозволиме да се разигра - предупреди новиот "крал".

Откако му откажаа Петриќ, Бадељ и Ловрен, најголемата дилема на Штимац е дали ќе може да ја состави одбраната со Ведран Ќорлука, кој викендов играше под инјекции во Русија. Тој одработи само една минута од првиот тренинг, но се очекува да биде во тимот в петок.

Tyxo.bg counter