Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Нова победа на Металург против Босна !

Од дата: 09-03-12 г.

Македонскиот ракометен шампион Металург и на вториот натпревар против Босна за два дена немаше никакви проблеми да стигне до победата. Ако вчера скопскиот тим славеше триумф од рекордни 25 голови разлика (толкава победа има и Загреб), денеска беше нешто поумерен против Босанците со 31-19. Стратегот на Металург, Лино Червар повторно настапи со кобиниран состав, а нова шанса добија оние ракометари со помала минутажа во текот на сезоната. 
Марковиќ беше најефикасен со седум голови, пикерите Димовски и Наумовски постигнаа по четири, а по три пати во листата на стрелците се запишаа Георгиевски и Златко Мојсоски. Митревски забележа седум одбрани, а Ангелов пет. Кај гостите најефикасен беше Хрбат со девет голови, а Алибеговиќ постигна четири голови.

Со овој триумф Металург се проби на второто место на табелата во СЕХА-лигата со 42 бода или два помалку од лидерот Вардар Про, кој има и натпревар повеќе. Во следното коло македонскиот шампион со Загреб во Вараждин на 11 март.

Tyxo.bg counter