Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Овошје за добро расположение

Од дата: 06-03-13 г.

Сакате да бидете расположени и во форма? Затоа јадете што повеќе здрави продукти како што е овошјето. Совет е овошјето да не го јадете веднаш по оброкот, туку најмалку 20 минути пред јадење.

Банани

Бананите се богати со витаминот Б кој придонесува за доброто расположение. Тмурните денови, без доволно сонце, доведуваат до опаѓање на расположението. Бананите ја поттикнуваат синтезата на серотонинот кој позитивно делува врз расположението. Ова овошје е богато и со калиум кој благотворно влијае врз срцевиот мускул.

Портокали

Портокалите изобилуваат со фолна киселина, влакна, антиоксиданти, витамин Ц, бетакаротен и со флавоноиди. Освен што ќе ве спасат витамините од настинка, материите што ги содржи ова овошје го намалуваат ризикот од рак.

Киви

Кивито е вистински рудник на витамин Ц. Богато е со бетакаротен и е одличен извор на диететски влакна, калиум, магнезиум и со витамин Е. Ова овошје содржи минерали и има антиоксидантско дејство, па затоа ги чува срцето и дебелото црево.

Јаболко

Јаболкото го јакне имунитетот и содржи пектин кој ги елиминира токсините од организмот. Богато е со влакна. Го намалува ризикот од настанок на дијабетес тип 2. Благодарение на полифенолот, јаболкото го намалува холестеролот и ризикот од Алцхајмеровата болест.

Круша

Крушата содржи витамин Ц кој е мошне важен за овие променливи денови. Тој го поттикнува клеточниот метаболизам и го јакне имунолошкиот систем. Освен витаминот Ц, крушата е богата и со витамините А, Б и со органски киселини. Изобилува со минерали и со фосфор кој ја поттикнува работата на мозокот и ја подобрува концентрацијата. Содржи и калиум, натриум, железо и сулфур. Ова овошје е богато со танин и пектин (растителни влакна).

Калинка

Калинката ги содржи витамините А, Ц, Е, како и калиум, жележо и фолна киселина. Ова овошје е корисно во превенцијата од рак на кожата и ги ублажува проблемите во климактериум.

Tyxo.bg counter