100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

ОД ШТО СЕ ДЕБЕЛЕЕ НАЈМНОГУ?!

Од дата: 11-03-13 г.

Во пракса, многу од она што сметаме дека е диетално е причина за да трупаме се повеќе килца. Особено брз начин да се здебелиме е пиењето овошен сок на гладен стомак. Безопасниот и полезен продукт моментално ја претвара фруктозата во масти. Решението? Не пијте сок на празен стомак и заменете го со чај или вода.

Друга штетна навика е пиењето пиво што најчесто добро оди во комбинација со чипс, пилешки крилца и други слични енергетски бомби. Подобро е да го ограничите пивото и да го замените со суво вино.

Сите знаеме колку вкусна и исто толку штетна е брзата храна. Ако не можете сосема да ја исклучите од своето мени, тогаш обидете се да го сведете до минимум посетувањето на оние места каде служат ваква храна.

Многу од таблетите за слабеење содржат не мало количество калории што го прави нивниот ефект минимален. Или само ја елиминираат водата од организмот, а масните наслаги остануваат недопрени. Размислете и за многуте последици од овие таблети за црниот дроб и општата здравствена состојба.

Никој не одрекува дека месото содржи полезни белковини но сепак содржи и не мал процент масти. Обидете се во своето мени да го задржите само белото месо и рибата. Се друго сведете на минимум.

Всушност начините за дебелеење се многу, а начините за слабеење не толку. Нашиот совет е СПОРТ.

Колку и биолошки чисти таблети, сирупи и какви ли уште не глупости за слабеење да измислат, нема подобар начин од еден квалитетен тренинг кој ќе ви донесе истовремено тонус, поголема самодоверба и помалку килограми. А можеби има? Циклус од тренинзи.

 

 

 


Tyxo.bg counter