Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Осум гола на Лазаров

Од дата: 24-09-10 г.

Кире Лазаров ја оправда својата висока голгетерска репутација на стартот на новата сезона во Лигата на шампионите, откако беше најдобриот стрелец во првиот европски настап во дресот на Сиудад Реал. 
Најдобриот македонски ракометар, кој во Сиудад Реал, конечно, пронајде екипа со која може да се бори за самиот европски врв, осум пати ја затресе мрежата на Флензбург во победата на шпанскиот првак од 27:19, откако противникот водеше со 9:7 на полувремето. Шпанските медиуми особено ја истакнуваат улогата на Кире во пресвртот во продолжението на средбата.
Во второто коло од Д-групата, Сиудад Реал ќе му гостува на руски Санкт Петербург, кој сега беше подобар од Босна со 32:27. Констанца на нашиот Бранислав Ангеловски и Загреб играа вчера.

Tyxo.bg counter