Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Отровот од пчела го уништува ХИВ вирусот

Од дата: 17-04-13 г.

Откриена е нова надеж за заболените од ХИВ! Најновата студија на Медицинскиот факултет во Сент Луис покажала како отровот од пчела може да уништи ХИВ вирус.

 

Токсинот мелитин, кој се наоѓа во отровот од пчела, има моќ да уништи ХИВ вирус, на тој начин што прави дупка во мембраната на вирусот.

Наночестиците помали од клетките на ХИВ се вбризгуваат заедно со пчелиниот отров, а на површината на наночестиците се додава и заштитна мембрана која ги одбива нормалните клетки и ги остава недопрени. 

Здравите клетки се поголеми од клетките на ХИВ, така што наночестиците без проблем се наталожуваат само врз ХИВ клетките.

Мелитинот ги спојува своите наночестици со омотот на вирусот, го дупчи и го тргнува од вирусот. Директно и физички го напаѓаме вирусот, и тој нема никакви шанси да се прилагоди на тоа. Вирусот мора да има заштитен омот, односно двослојна мембрана која го прекрива“ – рекол водачот на истражувачкиот тим, Џошуа Л. Худ.

Ова откритие би можело да доведе и до откривање на вагинален гел, кој би помогнал во превенцијата против ширење на ХИВ вирусот.

„Се надеваме дека во деловите на планетата во која сидата брзо се шири, луѓето ќе можат да го користат овој гел, со кој би ја спречиле можната инфекција“ – рекол Худ.

 

 


Tyxo.bg counter