Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Пандев го прекина постот

Од дата: 07-03-11 г.

Македонскиот фудбалски интернационалец во актуелниот светски, европски и италијански првак Интер, го постигна својот втор првенствен гол сезонава, во Серија А. Пандев против Џенова вчера влезе во игра во второто полувреме, како замена за Дејан Станковиќ и во 71 минута го зголеми резултат на 4-1. Интер ја победи Џенова со 5-2.

Капитенот на македонската репрезентација првиот гол сезонава го постигна против својот поранеше тим Лацио на крајот од минатата година на гостувањето во Рим, каде што Интер загуби со 1-3. 

Милан направи голем чекор кон освојување на фудбалската титула во италијанската Серија А, откако минимално (1-0) на гости славеше во дербито против Јувентус. Капитенот Џенаро Гатузо беше херојот на „росонерите“, постигнувајќи го единствениот гол во 68 минута. За Гатузо ова беше прв гол сезонава во сите натпреварувања, но и прв погодок во Серија А, по пауза од три години и два месеца. Претходно Гатузо последен пат во домашното првенство имаше постигнато гол на 23 јануари 2008 година и тоа кога неговиот тим беше поразен од Аталанта со 1-2, во Бергамо.

- Вреден гол кој носи три бода. Сепак имаме уште долг пат до нашата цел, а тоа е титулата во Италија - рече Гатузо, кој во 12 годишната кариера во Милан, досега има дадено само 9 гола во Серија А, а одигра вкупно 323 меча.

Милан сега има 61 бод, дури 20 повеќе од Јувентус кој е на седмото место, кое не обезбедува место во европските купови за следната сезона. 

Рома со 2-1 славеше кај Лече, откако Пизаро го погоди пеналот во последната минута од мечот. „Римската волчица“ претходно водеше со голот на Вучиниќ, а почесниот гол за Лече го даде Џакомаци.

Tyxo.bg counter