Од дата: 28-01-12 г.
Телото работи поефикасно за време на лесно трчање отколку брзо одење, но и осигурува повеќе енергија поради што се зголемува нивото на издржливост и подобро слабеење.
Ако сакате да ослабете и да бидете во форма редовното шетање заменете го со лесно трчање. Тоа помалку нè заморува од брзото одење, а е подобро и за нашите мускули, открива студијата на Универзитетот Северна Каролина. Научниците користеле ултразвук како би ги скенирале мускулите на луѓето кои вежбале на лента за трчање и ги споредиле со резултатите на оние кои брзо оделе или шетале, пренесува „Daily Mail“.
Трчањето околу два метри во секунда му помага на мускулниот лист да работи поефикасно за разлика од брзото одење. Токму овој начин на вежбање им дава на мускулите доволно енергија, а го зголемува нивото на издржливост. Лисниот мускул работи како лост на моторот кој овозможува менување на брзини. Мускулните движења ја пренесуваат енергијата на тетивата која така се издолжува. Ахиловата тетива ја испушта насобраната енергија и помага при движењето.
Поради брзото одење мускулите работат повеќе и побрзо, но и испуштаат помалку енергија што на крајот ја намалува човечката издржливост. За време на лесното џогирање промената на должината на мускулите се одвива побавно, поради што човекот има повеќе енергија и сила, потврдува истражувањето.
- Кај брзото одење мускулите не се ефективни, додека трчањето ја зголемува ефективноста и заштедата на енергија. На луѓето им е полесно да трчаат отколку брзо да одат, тврди предводникот на студијата, д-р Грегори Савички.

