Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Полова рамноправност и во F1 шампионатот

Од дата: 07-06-12 г.

Симпатичната шпанка Мариа Де Вилота, стана првата жена возач во историјата на F1. Таа потпиша договор со руската екипа Marussia и засега ќе биде тест возач во тимот што произведува и спортски автомобили. Мариа минатата година помина 300 километри со Марусија но сето тоа беше неофицијално но затоа сега ќе можи да го тестира болидот и официјално во Абу Даби.

Де Вилота до сега возеше во шпанската F3 серија и Superling Formula, а исто така е и голем навивач на фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид.

-"Многу сум среќна што влегов во светот на F1 и во екипа која што има отворени сваќања како што е Марусија. Ова е фантастична прилика која се надевам дека ќе ја искористам и дека ќе имаме успех и јас и екипата."- рече Де Вилота.

Tyxo.bg counter