Pump Food

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Попович вторпат прогласен за најдобар тренер

Од дата: 02-05-12 г.

Стручњакот на Сан Антонио спарс, Грег Попович, е прогласен за тренер на годината, откако ги предводеше "мамузите" до најдобриот скор на Западот и на делба на чело на лигата со Чикаго со по 50 победи и само 16 порази.

Ова е второ признание за Попович, по 2003 година кога стигна до втората титула со Спарс. Шеесет и тригодишникот собра 77 гласови или вкупно 467 бода, победувајќи го предводникот на Чикаго, Тим Тибодо.

Чендлер - дефанзивец на годината

По тригодишната доминација на Двајт Хауард, наградата за најдобриот дефанзивец играч во сезоната овој пат му припадна на центарот на Њујорк никс, Тајсон Чендлер. Тој во првата сезона на Никс заврши со просечни 11 поени, десет скока и 1,4 блокади. Чендлер лани играше со Далас маверикс и стигна до трофејот.

Tyxo.bg counter