Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Поповски ќе биде нов селектор на Македонија

Од дата: 22-10-10 г.

ПФМ најверојатно се откажала од можноста за ангажирање на странски стручњак, откако неколкумината интервјуирани тренери од Хрватска и од Србија барале премногу пари. Поповски првично ја отфрли можноста да седне на селекторската клупа поради презафатеност на приватен план, но сега е подготвен да го наследи Стеван Нонковиќ кој си поднесе оставка по пласманот на последното место на годинешното ЕП во Загреб.
- Се уште не сум седнал убаво да се договорам со луѓето од Федерацијата но доколку станува збор за поволен договор тогаш јас без размислување ќе прифатам да станам селектор. Странците барале премногу и затоа јас повторно станав опција за селектор - изјави Поповски.
Единствената дилема според поранешниот репрезентативец е тоа дали ќе биде само селектор или пак ќе ја тренира и екипата на Работнички. ПФМ повеќе би ја сакале втората опција, како што тоа беше случајот и со Нонковиќ, а конечната одлука би требало да биде позната во текот на денешниот ден.
- Се уште се мислиме околу селекторската позиција. Нас моментално најмногу ни одговара млад тренер кој ќе биде постојано ангажиран и засега Поповски е најдобар избор. Како и да е не се брзаме и сакаме да го направиме вистинскиот избор, така што не значи дека мора да имаме назначено селектор за првиот меч на Македонија од СЛ кај Србија на 16 ноември - додаде претседател на Пливачката федерација на Македонија, Стефан Пулејковски. (Н.П.)

Tyxo.bg counter