Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Почина Дале Оен, светски шампион на 100 метри !

Од дата: 02-05-12 г.

Светскиот шампион на сто метри градно, Александар Дале Оен од Норвешка, почина завчера за време на подготовките во Флагстаф, Аризона, Сад. Норвежанецот заедно со колегите го завршил тренингот и се онесвестил додека се туширал по што починал. Официјалната причина е срцев удар.

Дале Оен бил во Аризона во тренинг камп и се подготвувал за претстојните олимписки игри каде Норвешка се надеваше на нов медал кој ќе им го донесе токму тој. Целата нација е во шок по веста дека еден од нивните најдобри пливачи и спортисти воопшто, починал.

Во 2008 година тој го освои златниот медал на сто метри градно на европското првенство и стана единствениот норвежанец во овој спорт што успеал да се закити со таков успех. Минатата година тој го освои златото и во Шангај и тоа само три дена по масакрот на Андрес Брејвик кој ја зави Норвешка во црно.

Пред да биде однесен во болница, неговиот тимски колега кој го пронашол во бањата му дал вештачко дишење, а докторите подоцна се обиделе и со реанимација, но неуспешно. Завчера во девет вечерта, Дале Оен е прогласен мртов. Лесна му земја.

Tyxo.bg counter