Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Празнична диета во четири чекори

Од дата: 25-12-12 г.

Иако најголемиот дел жени, пробуваат диета седмица-две пред Нова година или веднаш после неа, експертите многупати докажале дека краткотрајните диети ретко кога успеваат.

 

Прв чекор: Започнете ја диетата расположени - Времето до Нова година немојте да го сфаќате како измачување, туку како прилика да направите нешто убаво за себе и да се чувствувате и изгледате подобро.

Втор чекор: Ослободете се од сопствените ограничувања - Неуспешните диети најчесто се такви поради начинот на размислување на оние кои ги практикуваат. Мислите како „Изедов парче торта и ќе ми пропадне диетата, па ќе изедам сè што ќе видам.“ или „Овој викенд ќе се прејадам, а од понеделник сум на диета.“ се исклучително нездрави. Поздраво е да размислувате во правец „Ја изедов тортата, но сега се враќам на стариот режим.“ или „Не можам да постигнам да одам секој ден во теретана, но можам секое утро да издвојам по десет минути за вежбање дома.“

Трет чекор: Направете план на исхрана - Однапред смислете си мени во кое ќе ги вметнете промените кон кои ќе се придржувате следните 15 дена. Наместо инстант кафе од кесичка, почнете да пиете црно кафе или чај. Во текот на целиот ден пијте вода или чај без шеќер. Селпк ден појадувајте, но заборавете на крофни и пецива, изберете сендвич со ’ржан леб, зобна каша или комбинација од јогурт и снегулки. Јадете повеќе овошје и зеленчук. Престанете со секој оброк да јадете леб. По седум навечер јадете само два пати неделно. Избегнувајте газирани сокови. Солта заменете ја со бибер или некој друг зачин. Откажете се од мајонезот и другите масни намази. Чоколадите заменете ги со бадеми или освежително овошје.

Четврт чекор: Направете план за вежбање - Би било идеално да вежбате два до три пати неделно кардио вежби по половина час, плус дополнителни вежби за деловите од телото кои сакате да ги затегнете. Секоја активност се брои. Искористете го секој момент: додека ги миете забите правете вежби за нозе, додека ги миете садовите - правете вежби за задникот, а секоја прошетка продолжете ја барем 10 минути. Ако не сакате класични вежби, секој ден танцувајте, скокајте или прескокнувајте го мебелот. Продолжете ги „игрите во креветот“ и бидете поактивни.

Tyxo.bg counter