100 Whey

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Првиот двобој, со Србија

Од дата: 08-11-10 г.

Познати противниците на нашата селекција во Светската Лига. Во првата група покрај Македонија, се и силните репрезентации на Србија, Германија и Шпанија

За потребите на Светската лига во ватерполо, натпреварување која е под капата на ФИНА (Светска пливачка федерација), познати се групите и термините за одигрување на натпреварите.
Така, Македонија, група "А", за противници ги доби репрезентациите на Србија, Германија и Шпанија. Првиот натпревар го играме во Белград, на 16 ноември. Следното коло е на 7 декември, па 25 јануари. Во вториот круг на 22 февруари Србија ќе гостува во Скопје. Последните две кола се на 22 март и на 19 април.
Во втората група се Црна Гора, Русија и Романија, а  во третата ("В") се Хрватска, Грција, Холандија и Италија.

Tyxo.bg counter