Whey Protein

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Продукти богати со железо

Од дата: 29-03-13 г.

Поради зимската висококалорична исхрана, сиромашна со витамини и минерали, може да дојде до појава на анемија.

Анемијата предизвикана од недостиг на железо често се јавува кај децата, тинејџерите, жените со интензивно менструално крвавење и кај постарите луѓе. На луѓето кои страдаат од анемија им се препорачува исхрана богата со железо, покрај замените за железо што ги препишува лекар.
Врз апсорпцијата на железото од продуктите влијаат многу фактори. Апсорпцијата, пред сè, зависи од формата на железото што се наоѓа во продуктите, па така железото што се наоѓа во продукти од животинско потекло многу подобро се апсорбира од формата железо што се наоѓа во зеленчукот.
Продукти во кои има најмногу железо од животинско потекло се: свински, пилешки, говедски црн дроб, остриги. Продукти кои не се од животинско потекло, а содржат големи количества апсортивно жележо се: житните цереалии, варените грав и грашок, леќата, семките од тиква.
Бремените жени не би требало премногу често да јадат црн дроб, зашто тој содржи многу витамин А кој може да му наштети на бебето.
Апсорпцијата на железото од продукти кои не се од животинско потекло се подобрува ако во истиот оброк се комбинира со продукти богати со железо од животинско потекло.
Со внесувањето на 100 мг витамин Ц со оброкот може 100 отсто да ја зголеми апсорпцијата на железото. Ако со или по оброкот внесете чај или кафе, тогаш се намалува апсорпцијата на железото од 50 до 100 отсто.

Tyxo.bg counter