Optimum Nutrition Топачи на масти

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

РАКОМЕТАРИТЕ БАРААТ РЕВАНШ ЗА ПОРАЗОТ НА СП 2009 !

Од дата: 21-01-12 г.

Македонија во првото коло од втората фаза на Европското првенство во ракомет во Србија ќе ја почне против светскиот вицешампион Данска. Ракометарите тргнуваат во поход по осмото место на континенталниот турнир, кое би требало да води во квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Лондон 2012 година. Данска во главната фаза влезе без бодови по поразите од Србија (22-24) и од Полска (26-27), а Македонија има еден бод од ремито со Шведска (26-26) и пораз од Германија (23-24).
- Во Ниш одигравме три тешки натпревари и во ниеден од нив не бевме надиграни. Се надевам дека така ќе биде и во вториот круг против Данска, Полска и Србија. И во овој натпрервар ќе дадеме се од себе и се надевам дека со поддршка од нашата прекрасна публика ќе извојувавме нова победа – изјави селекторот на Македонија, Звонко Шундовски.  
Македонија и Данска се сретнаа во главната фаза и на Светското првенство во Хрватска во 2009 година, а противникот славеше со 24-32. Македонија резултатска рамнотежа држеше до средината на второто полувреме.
- Ќе одиме на три победи во вториот круг, но мислам дека полуфиналето е многу далеку за нас. Имаме млад тим, кој сака да го поправи впечатокот – изјави стратегот на Данска, Улрик Вилбек.

Tyxo.bg counter