Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Рекламите и нездравата исхрана

Од дата: 22-09-12 г.

Рекламите за прехранбените производи во популарните списанија би можеле да придонесат за нездрава исхрана, покажуваат резултатите од новото истражување на британските научници.

Тим од британскиот универзитет Њукастл, предводен од експертот за јавно здравство доктор Џин Адамс, проучил 30 британски неделници. Истражувачите увиделе дека повеќе од една четвртина од огласите за прехранбени производи се однесуваат на готови оброци, колбаси и чорби кои често имаат висока концентрација на сол и шеќер.

Само 1,8 отсто од рекламите се однесувале на овошје и зеленчук, кои главно се објавуваат во списанијата за богатите луѓе.

- Семејствата се соочуваат со голем општествен притисок, така што треба постојано да се бориме за да не тргнеме по погрешен пат кога се во прашање изборот и подготовката на јадењата, а рекламите за тоа многу малку помагаат, истакнува докторот Адамс.

Тој додава дека секој од нас треба да одлучи што ќе јаде, но ако сме изложени на слики со нездрава храна секој пат кога ќе отвориме некое списание, тогаш тоа влијае на нашиот избор. 

Tyxo.bg counter