Optimum Nutrition : Специјални формули

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Ремито со Шведска е успех за нас (Алушевски)

Од дата: 16-01-12 г.

Да се игра нерешено со четвртопласираната репрезентација од последното Светско првенство за нас е голем успех. Одигравме добар натпревар, но направивме многу грешки со играч повеќе во нападот.

Ова вчера го изјави левото крило на македонската репрезентација Стевче Алушевски по драматичниот натпревар со Шведска на Европското првенство кој заврши нерешено (26:26).

- Шведска е репрезентација која казнува и најмала грешка, па затоа од четири гола за нас, тие поведоа со три разлика, рече Алушевски кој со Шведска постигна 7 голови и заедно со капитенот Кире Лазаров беа најефикасни во македонскиот состав.

Македонската репрезентација денеска во попладневните часови има тренинг, а во второто коло, односно утре во 18 часот и 15 минути игра против Германија која вчера загуби од Чешка со 27:24. 

Во натпреварите од „А“ групата во Белград вчера домаќинот Србија ја победи Полска 22:15, а Данска беше поуспешна од Словачка 30:25. 

Денеска се играат натпреварите во групите во Нови Сад и во Вршац. Во Нови Сад во „Ц“ групата играат: Франција – Шпанија и Унгарија – Русија, додека во „Д“ групата во Вршац распоредот е: Норвешка – Словенија и Хрватска – Исланд.

Tyxo.bg counter