Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Сакате да ослабете? Пијте Л - карнитин

Од дата: 09-07-12 г.

Сакате што побрзо да ослабете за летото и на што побезболен начин? Tоа не оди баш така лесно. Но затоа, Л-карнитин може да ви помогне во вашиот процес на слабеење.

Она што е најважно кај самото отстранување на мастите е исхраната, па затоа најважно е добра исхрана, па тренинг, па останатото. Се препорачува да се зема при процесот на слабеење и отстранување на масните наслаги. Значи, прво средете ја исхраната бидејќи токму од неа започнува се, а потоа интензивниот тренинг.

Карнитинот се произведува во црниот дроб и бубрезите па се транспортира во ткивата кои ги користат масните киселини како извор на енергија, а тоа првенствено се срцевите мускули и скелетните муксули. За производство на Л-карнитинот, освен аминокиселина лизин и метионин, потребни севитамин Ц, Витамин Б6, ниацин и железо. Л-карнитинот е аминокиселина која ефикасно ги претвара мастите во енергија.

Ацетил-карнитин (познат како АЦЛ) е дериват на Л- карнитинот синтетизиран во мозокот и црниот дроб. Тој има клучна улога во кардиоваскуларниот метаболизам и во одржувањето на менталните функции. Додаток е во исхраната и секој човек го има во своето тело. Животинското месо содржи голема количина на карнитин, особено црвеното месо на кравите и овците.

Внесената количина на Л-карнитин може да ја поправи состојбата кај многу болести: срцеви заболувања, Алцхајмер, дијабетес, заболувања на црниот дроб и депресија. Исто така, одлично делува како помош во процесот на слабеење и гозголемува ефектот на диетата.

Важен е во транспортот на масни киселини низ митохондриевата мембрана, кадешто започнува бета оксидацијата на масни киселини и се создава енергија. Без Л-карнитин масните киселини енергетски не се мерливи.

Исто така, важен е кај спортистите и нивната издржливост. На врвните спортисти им се препорачува да го користат бидејќи при зголемена измена на мастите го штити складиштето на јагленихидрати и ја зголемува енергијата.

Се препорачува дневна доза од 1-4 грама пред тренингот или 8 ml ако се користи во течна состојба, а може да се набави во сите продавници за додатоци во исхраната.

 

Tyxo.bg counter