Optimum Nutrition  Витамини и минерали

Пазарска количка

производи:0 бр.

Општа сума 0.00 MKD

Серена се повреди, неизвесен настапот на Аустралијан опен!

Од дата: 04-01-12 г.

Поранешната најдобра тенисерка во светот Серена Вилијамс поради повреда на левиот глужд на ногата се повлече од ВТА турнирот во Бризбејн. Таа ја превитка ногата во дуелот од второто коло против Србинката Бојана Јовановски, но продолжи да игра и славеше со 6-2, 6-4. Сепак, по деталните лекарски прегледи американската тенисерка одлучи да се повлече.
Ова го става под сомнеж и нејзиниот настап на Отвореното првенство на Австралија, како и формата доколку успее да настапи. Серена во Мелбурн се надева на шестата титула, а гренслем турнирот стартува на 16 јануари.
- Разочарана сум што морав да се повлечам. Бев во болница каде ми рекоа дека е најдобро да не играм. Ќе одморам неколку дена, па ќе видам како ќе се чувствувам. Мислам дека се ќе биде во ред за Аустралијан опен – вели Серена Вилијамс.

Tyxo.bg counter